22.03.2014 втора македонска фудбалска лига 19 коло ФК МАЏАРИ-ФК Новаци 1-0(0-0)Многу важен натпревар на кој влеговме многу мотивирано и борбено.Во прво полувреме иницијативата е наша и ние не успеавме да реализираме ниедна од неколкуте шанси за гол.Второ полувреме заморот си го прави своето но повторно иницијативата и желбата за победа е голема и успеавме во една мешаница во шеснаестерецот на противникот да постигнеме погодок .До крајот и противникот имаѓе една многу здрела шанса која за срека со добра одбрана на нашиот голман противникот не успеа да постигне погодок.Повторно и на овој натпревар одбраната беше подобриот дел од екипата ,додека многу слаба игра на нашите напаѓачи.
15.03.2014 Втора македонска фудбалска лига 18 коло ФК Врапчиште-ФК Маџари 3-1(1-0).Натпревар на кој нашата екипа изигра добро и храбро.Повторно имаме игра само по средниот дел на теренот со многу слаба завршница односно шут на гол.Неправилни и некоординирани движења на нашите напаѓачи,во исто време и слаба игра на средниот ред во нашиот тим.самиот резултат ја покажува теренската иницијатива.
08.03.2014 Втора македонска фудбалска лига 17 коло ФК Маџари Солидарност-Тиверија 1-0 (1-0)Многу важен натпревар за нашата екипа за опстанок во Втора лига.Добар почеток на нашата екипа кој резултираше со погодок во 21 м кога се изведуваше корнер од левата страна во мешаницата најдобро се снајде Крстев Трајче кој со глава од непосредна близина ја смести топката во голот.До крајот на првото полувреме се играче отворено од двата тима но домашниот тим доминираше.Во второто полувреме исто така се играше многу отворено со неколку шанси на двете страни но мрежата никако да се затресе.Оправдано беа доделени и неколку жолти картони.Трите многу вредни бодови останаа во Маџари.........
|
02.03.2014. Втора македонска фудбалска лига 16 коло 11 Октомври-Маџари Солидарност 2-2 (1-2).Многу интересен натпревар со добар почеток за нас.Многу рано во 2 м. од еден центаршут со глава Ужевски Боро постигна гол со глава.Во 12 м резултатот е изедначен по една грешка од лева страна шутната топка по земја пред нашиот гол ,на која топка натрча гостински играч кој постигна погодок.Во 23 м. Крстев Трајче по една грешка на домашната одбрана успеа да постигне погодок за 1-2.Во второто полувреме домашните ја презедоа иницијативата и во 74 м успејаа од слободен удр да постигнат погодок.Со малку повеке срека моѓевме да ги освоиме сите три бода.Останува на следниот натпревар кој го играме дома да победиме со што ке докажеме дека имаме добар тим.
01.03.2014 Почеток на првенство .Утре (недела) 02.03.2014 гостуваме во Прилеп на натпревар со ФК,,11 Октомври,, во 14.00 часот.Мислам дека спремни го почнуваме првенството ,сите играчи се добро,одлична преднатпреварувачка атмосфера.Одиграни се 4 пријателски натпревари со реномиранипрволигачки екипи иостварени се задоволителни резултати.
08.02.2014 Денес е одигран и вториот контролен натпревар со екипата на Металург.За разлика од претходниот натпревар овој пат залагањето на фудбалерите беше на високо ниво и на прволигашот му требаше многу напор за
да победи.И покрај изменетиот состав ние сме задоволни од играта на овој натпревар. |
01.02.2014 Денес со почеток од 13.00 на теренот во с.Марино беше одигран првиот контролен натпревар помеѓу ФК,Маџари Солидарност, и ФК,Врапчиште,. И покрај лошиот терен видовме добра игра со многу комбинации,многу шанси од страна на нашите фудбалери но среката не беше наклонета на наша страна и бевме поразени со резултат 1-2 .
Во вториот дел од натпреварот настапија инеколку нови фудбалери како и неколку фудбалери од младинската школа на клубот.На крај можеме да заклучиме дека сме задоволни од залагањето и упорноста на нашите фудбалери. 16.01.2014 Почетокот на припремите на ФК,,Маџари Солидарност,,закажан е за во сабота 18.01.2014 год. во 11.00 ч.За почеток предвидена е прозивка на играчите од страна на тренерот Блажевски Пане и потоа состанок на Управата на клубот со играчите.Управата на клубот одлучи да донесе неколку нови фудбалери ,исто така и да се ангажираат неколку фудбалери од младинскиот погон .За оваа година амбициите на клубот се опстанок во лигата односно клубот да се пласира во првите 6 екипи со тоа и обезбеди опстанок во лигата.
|
13.01.2014 И З В Е С Т У В А Њ Е
Фудбалска школа,,Маџари Солидарност,, од оваа натпреварувачка година применува нов начин на плаќање чланарина,односно чланарината ке изнесува 6100 денари за полусезона. Финансиските сретства што ќе се вложат се наменети за покривање на: - чланарина за оваа полусезона - котизација за учество и натпреварување - дел од трошоците за патување Начин на плаќање: - 1 рата 3 000.00 ден. +600.00 ден. (сала) краен рок 19.01.2014 - 2 рата 3 100.00 ден ……………………… краен рок 03.04.2014 Заинтересираните родители треба уплатата да ја извршат на уплатница Примач: ФК,,Маџари Солидарност,,-Скопје Банка: Комерцијална банка Сметка: 300000003544222 Цел на дознака: Име и Презиме тренер Костевски Зоран 078 400607 тренер Митровски Стево 070 941951 |
|